
Македонскиот фудбалски клуб Работнички, кој е четирикратен шампион на Македонија, од денеска има нови сопственици. Се работи за странска компанија, која има блиски релации со „Џевахир“, добро позната компанија во нашата земја.


Денеска на Македонска берза е реализирана трансакција за продажба на 250 акции, откупени се 100% од основната главнина, а вредноста на трансакцијата е 36.904.250 денари, односно околу 600.000 евра.
Според најавите, новите сопственици на ФК Работнички имаат намера да го вратат клубот на шампионски патеки во Македонија и да биде постојан учесник на европска сцена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski