Фудбалската репрезентација на Македонија денеска напладне ќе ги добие ривалите во квалификациите за ЕВРО 2024. На ждребот во Франкфурт, нашиот национален тим е сместен во четвртиот барабан.
Ќе има десет групи, седум со по пет репрезентации, а три со шест. Познато е дека првите две екипи од секоја група ќе изборат пласман на ЕВРО 2024 година.
Најтешка група секако би била доколку од вториот барабан добие селекција како Франција или Англија, а од третиот налетаме на Норвешка.
Има и „лесни“ опции, на пример, Финците да бидат наш ривал од втората група, а Унгарците од првиот барабан.
Натпреварите ќе се играат од март до ноември следната година.
Барабан 1: Холандија, Хрватска, Шпанија, Италија, Данска, Португалија, Белгија, Унгарија, Швајцарија, Полска
Барабан 2: Франција, Австрија, Чешка, Англија, Велс, Израел, БиХ, Србија, Шкотска, Финска
Барабан 3: Украина, Исланд, Норвешка, Словенија, Р. Ирска, Албанија, Ц. Гора, Романија, Шведска, Ерменија
Барабан 4: Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија, Ф. Острови, МАКЕДОНИЈА
Барабан 5: Словачка. С. Ирска,Кипар, Белорусија, Литванија, Гибралтар, Естонија, Летонија,Молдавија, Малта
Барабан 6: Андора, Сан Марино, Лихтенштајн
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski