Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 3 до 7 април ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора. Нашата селекција двата контролни меча против Црна Гора ќе ги одигра во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски”.
Првиот дуел меѓу овие две репрезентации е закажан на 5. април со почеток од 15. часот. Два дена подоцна на програмата е втората средба со почеток од 11 часот.
Селекторот на нашата млада репрезентација, Тони Јакимовски се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Петар Јакимов (Работнички), Давид Стојановиќ (Македонија Ѓ.П.);
Одбрана: Андреј Аризанкоски (Победа), Симеон Здравковски (Вардар), Марко Стојилевски (Вардар), Давид Даилоски (Нец Најмеген, Холандија), Матеј Јаневски (Работнички), Хадис Таири (Велешта);
Среден ред: Ѓорге Џеков (Академија Пандев), Амир Нухија (Шкендија), Мартин Ѓоргиевски (Академија Пандев), Ерион Алији (Риед, Австрија), Дестан Адили (Работнички), Костадин Капсаров (Академија Пандев), Омерфарук Сулејман (Шкупи), Кире Стојанов (Академија Пандев), Теодор Николовски (Работнички), Мухамед Елмас (Работнички);
Напад: Никола Величковски (Вардар), Фикрет Ливорека (Скопје), Мердијан Рушити (Њу Старс);
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski