Македонската репрезентација до 15 години славеше и на вториот контролен натпревар против Косово.
По победата во Приштина од 1-0, денеска на тренинг центарот “Петар Милошевски”, селекцијата предводена од Горан Станковски славеше со убедливи 4-1.
Веќе во 10. минута, Алиу по центаршут на Христов погоди за наше водство. До полувремето не искористивме неколку добри прилики преку Петков, Незири и Рожајац за удвојување на предноста.
Косово по само две минути од второто полувреме го израмни резултатот на 1-1. Стрелец на голот беше Авдиметај. Предноста ја вративме во 55. минута со гол од пенал на Алиу. Аврамоски во 68. минута донесе 3-1 по асистенција на Трајков, а конечниот резултат го постигна Јанчевски по уште едно додавање на Трајков.
Македонија до 15 години: 1. Марио Стојковски, 2. Хамза Зубери (59’ Амар Незири), 3. Ејман Емини, 4. Давор Таневски, 5. Дин Рожајац (К), 6. Калин Аврамовски, 7. Стефан Стојановски, 8. Васко Трајков (66’ Фисник Амити), 9. Јован Јанчевски (41’ Дин Баталоски), 10. Борис Матески (66’ Ариан Исаку), 11. Дијар Алиу (53’ Енез Ферати); Селектор: Горан Станковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













