Македонија е подготвена за нов предизвик. За нешто повеќе од еден час, на „Астана Арена“ во Казахстан, нашата фудбалска репрезентација ќе го започне четвртиот натпревар од квалификациите за Светското првенство.
Противник е селекцијата на Казахстан – ривал против кој сме фаворити, особено ако се земе предвид моменталната форма и ситуација. Тоа е и причината зошто селекторот се одлучи за офанзивна тактика уште од самиот старт.
На голот повторно ќе застане сигурниот Столе Димитриевски. Во дефанзивната линија ќе му се придружат Алиоски, Зајков, Муслиу и дебитантот Стефан Деспотовски, кој го бележи својот прв настап за националниот тим.
Средниот ред ќе го предводат Костадинов, Барди, Чурлинов и Елмас – моторот на македонската игра, додека во нападот ќе делуваат Миовски и искусниот Трајковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













