Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше (1-1) против Финска на пријателскиот натпревар што се одигра на арената „Тодор Проески“. Бевме подобри во поле, создадовме повеќе шанси, но реализацијата повторно не беше на висина на задачата.
И во одбраната Финците пронаоѓаа дупки, посебно со брзи противнапади по кои излегуваа пред голот на Столе Димитриевски.
Гостите двапати погодија статива, а поведоа со голот на Оливер Антман во 37.минута, откако Похјанпало одлично го проигра.
Несторовски имаше неколку шанси во првиот дел, во второто полувреме шанса доби и Бојан Миовски, но ниту тој во репрезентацијата не прикажува игри како во Абердин.
Убедливо најдобар играч во нашиот национален тим беше Езгјан Алиоски, кој во 75.минута изнуди пенал со продор по левата страна. Успешен реализатор беше Енис Барди, за реми (1-1) против Финска во Скопје.
За три дена, Македонија ќе има тест и против Азербејџан во Скопје.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski