Connect with us

Македонија првпат на третата позиција по едни квалификации, Николов го „тресна“ Израел

Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Израел со 1-0 и за првпат еден квалификациски циклус ќе го заврши на третата позиција. Селекцијата на Игор Ангеловски квалификациите за ЕВРО 2020 ги заокружи со 14 бода. 

Стрелец на победничкиот гол беше Бобан Николов во 45.минута. 

Барди и Елмас ги нападнаа Израелците од самиот старт, но одбрани Столе Димитриевски. Три минути подоцна, одлична акција на Елмас и на Барди, а завршниот удар на Костадинов не беше доволно прецизен. 

Елиф Елмас зафати волеј удар во 32.минута по корнерот од десната страна, но израелскиот голман одбрани. Шест минути подоцна Барди од слободен удар ја погоди гредата. Николов го постигна водечкиот гол во 45.минута. По одбиената топка од израелскиот голман, тој од пеналтикот и ја спроведе во мрежата. 

Во 50.минута, Начо ги загреа дланките на Столе Димитриевски, а четири минути подоцна повторно се закани Николов со удар од 20 метри, но за малку беше непрецизен. 

Македонија успеа да го одржи водството до самиот крај, имаше шанса и за Несторовски, но не реализираше. На крајот, за првпат во едни квалификации, Македонија завршува како третопласирана селекција во групата, со 14 освоени бода.  

МАКЕДОНИЈА – ИЗРАЕЛ 1-0 (1-0)

Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Паоло Валери (Италија). Стрелец. Николов 45’ (Македонија). Ж. картони: Барди, Николов (Македонија), Глазер, Саба, Меначем (Израел)

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Муслиу, Велковски (72’ Зајков), Ристевски, Костадинов, Николов, Барди, Елмас, Пандев (79’ Аврамовски), Стојановски (60’ Несторовски).

ИЗРАЕЛ: Харуш, Даса (41’ Дгани), Глазер, Битон, Начо, Тиби, Меначем, Саба (68’ Вејсман), Елмкис (59’ Хазиза), Захави, Дабур.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови