
МАКФУДБАЛ во Ереван,
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) во Ереван игра важен натпревар против Ерменија во Лигата на нации, кој според сите предвидувања треба да биде и најзначајниот за првото место во групата. Доколку Македонија не загуби, тогаш ќе биде во пол-позиција пред последните два меча, против Фарски Острови и против Летонија дома, во ноември.
На последните два меѓусебни натпревари со Ерменија, имаме три победи и гол-разлика 10-1.
Победивме пред еден месец во Скопје со 2-0, а сѐ уште со гордост се сеќаваме на триумфот од 0-5 во Ереван пред три години, на 21 ноември 2021 година.
Тогаш Енис Барди беше стрелец на хет-трик, а погодија и Александар Трајковски и Милан Ристовски.
Победивме и уште еден меч во Скопје, со 3-1, пред една година, на 17 октомври 2023. Стрелци беа Александар Трајковски, Милан Ристовски и Ердин Даци.
Сепак, се сеќаваме и на непријатниот пораз, дебакл, кој се случи пред шест години, а Ерменија славеше со 4-0 во Ереван. Тогаш Пицели, Мовсисјан, Газарјан и Мхитарјан беа стрелци на головите за ерменскиот национален тим.
Загубивме од Ерменија со 1-0 и на оној меч на Кипар, а стрелец на голот тогаш беше Хофханес Хамбарџумјан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
