Connect with us

Македонија на ЕВРО – Со експертите на Макфудбал: Филип Лам, Ѓоко Хаџиевски, Величе Шумуликоски, Агим Ибраими

МАКФУДБАЛ.МК е подготвен за Европското првенство. Експертите се супер познати ликови од европскиот и од македонскиот фудбал. Секојдевно, колумни, анализи, мислења, интервјуа и вести за настапот на Македонија на ЕВРО.

ФИЛИП ЛАМ
Поранешниот капитен на светскиот првак Германија и директор на турнирот ЕВРО 2024 ќе ги анализира настаните на Европското првенство во фудбал. Има своја анализа и за фудбалската репрезентѕација на Македонија.
„Views of a footballer“ е колумна на Филип Лам, во соработка со новинарот Оливер Фрич, на германскиот интернет магазин „Zeit Online“, која ексклузивно во Македонија ја објавува www.makfudbal.mk.

ЃОКО ХАЏИЕВСКИ
Поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски е единствениот наш стратег докажан надвор од границите на Македонија. Повеќе од две децении работи во странство, во последната сезона успеа да го одведе тимот на Емирати во елитната дивизија.

ВЕЛИЧЕ ШУМУЛИКОСКИ
Долгодишен македонски фудбалски репрезентативец, трет во историјата по бројот на настапите, зад Горан Пандев и Гоце Седлоски. Сега е спортски директор на чешкиот клуб Словачко и многу добро ги познава случувањата во европскиот фудбал.

АГИМ ИБРАИМИ
Тој е долгогодишен македонски репрезентативец, еден од оние што ја задолжил Македонија и веројатно требаше да биде меѓу патниците. Вели дека се чувствува како дел од тимот и ќе навива од срце за соиграчите од репрезентацијата. Ќе биде интересно да се прочита како ќе ги бодри Агим Ибраими своите колеги.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови