
МАКФУДБАЛ во Ереван,
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска (18 часот) во Ереван против Ерменија ќе го игра можеби и решавачкиот дуел за првото место во групата од Лигата на нации. Тоа носи директна промоција во Лигата Б и бил бил досега историски подвиг за Македонија, а носи и еден вид дополнителна можност со бараж натпревари да се стигне до настап на СП 2026.
Всушност, пласман за ова доигрување обезбедуваат четирите репрезентации кои ќе соберат најмногу бодови во своите конкуренции (од сите Лиги А, Б, Ц, Д во Лигата на нации), а Македонија засега има одлично бодовно конто, па ако ппбеди и вечерва, тогаш ќе направи голем чекор и кон таа цел.
Второто место исто така не значи комплетно потфрлување, затоа што во тој случај селекцијата на Македонија ќе игра со третопласирана селекција од Лигата Б, за промоција ранг погоре во Лигата на нации.

Селекторот Благоја Милевски е имун на ваквите предвидувања и сака работата да се заврши ефектно и сами да си ја решаваме својата судбина. Затоа максимален е фокусот на овој натпревар, кој е означен како решавачи за првото место.
„Кажав дека натпреварите меѓу Македонија и Ерменија ќе одлучувааат за првото место во групата и стојам зад таа изјава. Го следев натпреварот на Ерменците на Фарски Острови. Тимот е тој кој го знаеме, максимално го респектираме и засилено се подготвувавме. Пред почетокот на овој октомври циклус целта ни беше да останеме на првото место. Не сакаме да мислиме на комбинации, за тоа ќе размислуваме во ноември. Овој меч ќе биде поинаков од тој пред три години, а и од последниот минатиот месец. Како да е судбина да играме против Ерменија, квалитетни се и нема да ги потцениме“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Голманот Столе Димитриевски посакува неговата мрежа да не се тресе и на овој натпревар, како и на минатиот со Летонија, но и како на претходниот против Ерменија во Скопје.
„Овој натпревар можеби е одлучувачки за првото место во групата, па ако со победа го осигуруваме првото место, тогаш нека биде и минимална победа од 0-1, но да бидеме први. Имаме одлична соработка со одбранбените фудбалери на последните три натпревари и верувам дека и на овој меч нема да примам гол“, истакна Столе Димитриевски.
Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија се игра денеска, со почеток во 18 часот, на стадионот „Вазген Саргсијан“ во Ереван, а главен судија ќе биде Англичанецот Стјуарт Атвел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
