Connect with us

Македонија и овојпат не разочара на италијанско тло, иако пораз не можеше да избегне (ФОТО)

МАКФУДБАЛ во Рим, Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од европскиот првак Италија на „Олимпико“ во Рим со 5-2. „Аѕурите“ ја завршија добро работата во првото полувреме, кога нашата селекција немаше шут кон противничкиот гол, а Италијанците стрелаа трипати, но во вториот дел, сепак, успеавме многу да се подобриме и постигнавме два гола преку Јани Атанасов. На крајот, Распадори го потврди триумфот, а Ел Шарави го постави конечниот резултат (5-2).

Македонија и овојпат не разочара на италијанско тло, иако загуби.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови