Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров во последниот ден од преодниот рок доведе замената за Калид Абдул Басит, напаѓачот кој замина во Есперанс Тунис. Нов фудбалер на „лавовите“ од Ѓорче Петров е Коџо Мавуњо Лудвиг.
Младиот 20-годишен напаѓач доаѓа од екипата на Сент Хуберт од Канада. Коџо има потекло од Того, но неговото семејство одамна живее во Канада и тој поседува канадски пасош.
Македонија ЃП од третата позиција ќе ја стартува пролетната полусезона и ќе се обиде да избори излез на европска сцена, па и да се вмеша во борбата за шампионската титула.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













