Македонија ЃП загуби од Силекс со 1-0 на гостувањето во Кратово, а стрелец на единствениот гол беше Иван Ивановски од пенал во деветтата минута од мечот. Раководството на клубот од Ѓорче Петров порачува Судиската комисија на ФФМ уште еднаш да го погледне натпреварот и делењето на правдата на Александар Ставрев заедно со нивни претставници.
„Нема да го коментираме судењето на нашиот најдобар судија и репрезент на меѓународна сцена, само сакаме да порачаме Судиската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, заедно со наши претставници уште еднаш да го погледнат натпреварот. Пак ќе апострофираме дека никого не навредуваме или напаѓање додека не се погледне уште еднаш натпреварот. Честитки за победата на Силекс, ние топло ќе ги пречекаме во Ѓорче Петров. Македонија Ѓорче Петров ќе продолжи лавовски да се бори на зелениот терен!“, истакнуваат од Македонија ЃП.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













