
Македонската фудбалска репрезентација ја продолжи одличната серија со триумф против Казахстан. На натпреварот одигран во Астана, нашите момци извојуваа тешка, но заслужена победа над селекцијата на Казахстан со минимални 0-1.
Ова е десетти натпревар по ред без пораз за Македонија, но уште поважно – освени се нови три бода, и тоа на гостински терен, што е огромен исчекор во битката за врвот во групата.
Со оваа победа, сега имаме вкупно 8 бодови и со право можеме да сонуваме за пласман на големото натпреварување станува сè поостварливо.
Македонија по јунскиот циклус е на првата позиција, а Елиф Елмас, го сподели своето мислење.
„Знаевме дека не нè чека лесен меч. Патувавме долго, имавме само два дена одмор, и навистина беше напорно. Но, дојдовме со една цел – три бода. Тоа беше приоритетот. И успеавме. Среќни сме што ја остваривме целта. Мораме да им дадеме признание и на Казахстан – одиграа борбено и агресивно. Не нè изненадија со квалитетот, но не беше лесно. Сепак, ние сме фокусирани на нашата мисија и оваа победа е огромна“, изјави Елмас.
Македонија чекори цврсто напред, а следниот натпревар веќе се чека со нетрпение. Формата е стабилна, тимот изгледа компактно, а амбицијата никогаш не била поголема.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Стефан Лазаревиќ замина од Работнички

Втора лига
Коста Манев, големо засилување за Беласица
