Хрватска успеа да оствари победа над Шкотска (1-3) на „Хемпден парк“ и се пласира во осминафиналето на Европското првенство. „Коцкестите“ патуваат како второпласирани во групата, а Англија е на врвот откако славеше против Чешка со 1-0.
Никола Влашиќ во 17.минута ги доведе Хрватите во водство, но пред крајот на првиот дел израмни Калум Мекконор. Сепак, Лука Модриќ со фантастичен гол од 20 метри, со надворешно ефе ја затресе мрежата на Шкотите во 62.минута, повторно ја врати Хрватска во водство, а триумфот го потврди Иван Перишиќ во 77.минута со удар со глава.
Англија славеше над Чешка со 1-0 со голот на Рахим Стерлинг во 12.минута. Но, и Чесите како третопласирани ќе продолжат во следната фаза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













