
Мајнц е во одлична форма, па после лидерот Баерн Минхен, успеа да го победи и третопласираниот тим на табелата во Бундес-лигата, Ајнтрахт Франкфурт. Мајнц славеше на гости во Франкфурт со 1-3, иако од 20.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Амири.
Кауа Сантос си постигна автогол во 15.минута и Мајнц обезбеди водство, а Паул Небел зголеми на 0-2 во 27.минута. Небел во вториот дел постигна уште еден гол за Мајнц, а единствениот погодок за Ајнтрахт беше дело на Кристенсен.
Борусија Менхенгладбах на гости го победи Хофенхајм со 1-2, а Холштајн Кил беше убедлив против Аугсбург и славеше со 5-1.
Штутгарт изненадувачки загуби дома со 0-1 од Сент Паули, а Вердер го победи Унион Берлин со 4-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal