
Навивачката група Мајмуни Прилеп излезе со реакција за случувањата во фудбалскиот клуб Победа Прилеп. Некогаш овој клуб играше значајна улога во македонскиот фудбал, а сега живурка во Втората лига Исток, без некои посебни амбиции за влез во елитата.
„На повидок е повторно ГОЛЕМ срам во ФК Победа. Се шпекулираше за некакви промени во клубот и застанување на здрави нозе со приватна фирма и комплетно нова управа.. но и речиси официјално повторно коцките се нсместија на страната на политиката кој нас воопшто не не интересира. Ние наназад година – две сме запрепастени од одлуките на оваа локална власт како „добро” и помага на Победа, ветувања секакви … Но, дали мислите дека ако е тивко на југот се е завршено? Дали мислите дека можете се уште да си правите се што сакате со Победа?! Браќа, ова веќе ги помина сите граници, пробувавме да бидеме тивки и да оставиме да си ја решат акционерите работата која сами си ја направија да не биди чиста. Време е за реакција, нема повеќе да дозволиме да си играат перална за пари со Победа, нема да дозволиме повеќе да владее политиката во Победа.
Утре и официјално има промена на преседателското место на Миле Спиркоски негов наследник ќе биде директорот на Водовод Емил“, се вели во реакцијата на навивачката група, Мајмуни Прилеп, на социјалните мрежи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Лусио заврши во болница поради изгореници
