
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, е меѓу кандидатите за нов тренер на шкотскиот Глазгов Ренџерс, откриваат британските медиуми.
Стивен Џерард, кој претходно го предводеше клубот, беше главен кандидат за менаџерската позиција, но поранешниот тренер на Астон Вила и Ал-Етифак ја одби понудата.
Последниот ангажман на Карик беше во Мидлсборо, каде работеше од 2022 до 2025 година. Тој го одведе тимот до плејофот во Чемпионшип во сезоната 2022/23, но во следните сезони клубот заврши под шестото место, што резултираше со очекувана разделба на крајот од сезоната 2024/25.
Ренџерс, каде настапува македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, моментално се наоѓа на осмото место во шкотската Премиер – лига, со само една победа во првите седум натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац
