Connect with us

Мајката на убиениот навивач добила срцев удар кога слушнала за мртвиот син

Навивач на грчкиот фудбалски клуб АЕК, 29-годишниот Михалис, бил убиен со нож во вторникот вечерта при тепачка со навивачите на Динамо Загреб и Панатинаикос од Атина, кои се во добри односи со „Бед Блу Бојс“.

Најмалку шест лица се повредени во навивачки пресметки пред првиот натпревар од третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите, што требаше да се одигра вечерва во 20:45 часот на стадионот на АЕК, но по убиството е одложен.


Грчките портали јавуваат уште лоши вести. Пишуваат дека откако слушнала дека нејзиниот син е мртов, мајката на Михалис се онесвестила и добила срцев удар.

Првите информации говорат дека лекарската помош пристигнала брзо и дека веднаш ја пренеле во болница, истата каде што се сместени и повредените навивачи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови