
Магијата повторно ја тресе фудбалска Европа, стартува новата сезона во Лигата на шампионите. Актуелниот европски првак Баерн Минхен утревечер го пречекува Атлетико Мадрид и ќе ја почне одбраната на титулата, а има многу заинтересирани клубови кои би сакале да го грабнат „пехарот со уши“.
Јувентус е во трансформација, „старата дама“ треба да се навикне на стилот на Андреа Пирло, а и поранешниот магионичар со топката сега треба да покаже магија и со тренерската табла. Иако без Роналдо, кој е позитивен на Ковид-19, Јувентус е сепак фаворит на гостувањето против Динамо Киев во групата Г.
Барселона има релативно лесна задача во дуелот со унгарскиот Ференцварош, но и мисли на „Ел Класико“ кое е закажано за претстојниот викенд.
Лацио по 13 сезони се враќа во Лигата на шампионите, а пресметката со Борусија Дортмунд би можела да донесе многу голови. Двете екипи играат напаѓачки и на гол повеќе од противникот. Зенит секогаш е непријатен на домашен терен, а Клуб Бриж и не е тим кој би можел лесно да освои бод(ови) во Русија во групата Х.
Челси е подготвен да ја освои и Лигата на шампионите, ако може да му се верува на тренерот на Севилја, Хулен Лопетеги. Лампард има квалитетен тим, но и се уште многу проблеми, посебно во одбраната. Севилја е специјалист за Лига Европа, но брзо испаѓа од Лигата на шампионите. Можеби оваа година ќе биде поинаку.
Рен е домаќин на Краснодар во вториот меч од групата Е. Тоа воедно би требало да биде и битка за третото место.
Дербито на вечерта сепак ќе биде во Париз. Манчестер Јунајтед гостува на „Паркот на принцовите“, а Нејмар и Мбапе се острат за болната елиминација од минатата сезона. Менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер има проблеми со одбраната, тимот не допатува комплетен, но секако нема лесно да се предаде.
Во вториот меч од групата Х, Лајпциг е фаворит против шампионот на Турција, Башакшехир. Турскиот тим сезонава нема добар ритам и по пет меча конечно минатиот викенд ја забележа првата победа во домашното првенство. Лајпциг е германска машина која изненадувачки стигна и до полуфиналето во ЛШ минатата сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Евро-фудбал
Рафиња бесен на Карло Анчелоти

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија
