
Македонскиот прволигаш Работнички ги стартуваше подготовките за новата сезона во Првата лига. Со нов шеф на стручниот штаб, Љупчо Марковски Калц, и со амбиции да се остварат многу подобри резултати од минатогодишните, „романтичарите“ означија почеток на подготовките.

Спортскиот директор Горан Станковски им посака многу здравје на фудбалерите, а тренерот Љупчо Марковски потенцираше дека единствено мерило ќе биде напорната работа и квалитетот на секој поединец, втемелен во тимскиот дух.

Тренингот на „романтичарите“ го следеше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, сегашна ѕвезда на Наполи, кој не заборави од каде потекнува, токму од Работнички.
Работнички засега се засили со тројца нови фудбалери, голманот Игор Алексовски од Ренова, Филип Бошковски од Пелистер и Иво Јанакиевски од Скопје.










-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
