Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Роберто Мартинез, го објави составот од 26 играчи на кои ќе се потпре за натпреварите на Светското првенство во Катар.
Најголемата вест секако е присуството на напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку. До крајот не беше јасно дали тој ќе добие повик поради повредата на мускулот.
Сепак, најдобриот напаѓач на Белгија е вклучен во составот, иако речиси е сигурно дека ќе биде надвор од терените барем на првите два натпревари од групната фаза.
Во селекцијата на „црвените ѓаволи“ се и нивните други големи ѕвезди, Кевин Де Бруин од Манчестер Сити, како и Тибо Куртоа и Еден Азар од Реал Мадрид.
11,59 million Belgians. 26 Devils. 1 goal. 🏆 #DEVILTIME pic.twitter.com/wwCAMvlU6k
— Belgian Red Devils (@BelRedDevils) November 10, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













