
Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, има големи шанси да му биде на располагање на тренерот Симоне Инзаги за дуелот со Фиорентина в сабота. Белгиецот е надвор од терените од крајот на август поради повреда на мускулот и има само три настапи од почетокот на сезоната, но сега се чини дека конечно ќе се врати на терените.
Интер првично очекуваше Лукаку да продолжи со тренинзите минатата недела, но потоа снимките покажаа дека тој се уште не е подготвен и неговото враќање беше одложено. Сега, сепак, сите во Интер се надеваат дека тој конечно ќе им се придружи на соиграчите.
Лукаку летото се врати на позајмица во Интер и добро ја започна сезоната, постигнувајќи гол и асистенција на првите два натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
