
Ромелу Лукаку се соочува со голема казна поради роденденската забава која била прекината од полицијата, пишува „Кориере Дела Сера. Напаѓачот на Интер го прослави 28. роденден во хотел во центарот на Милано до доцна во ноќта по мечот против Рома, а полицијата по пријава упаднала на забавата околу 3 часот наутро.
Во хотелот биде затекнати 24 лица, меѓу кои и фудбалери на Интер, Иван Перишиќ, Ашраф Хакими, Ешли Јанг, како и управителот на хотелот каде е организирана забавата. Управителот на хотелот и сите гости ќе сносат казна поради кршење на мерките за заштита од коронавирусот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе
