
Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку ја загреа атмосферата во пресрет на новогодишните празници со изјавата дека не е среќен во Челси. Тој за сума од 115 милиони евра минатото лето од Интер се пресели на „Стемфорд бриџ“. Навивачите на „нероаѕурите“ се уште му се лути за тоа, но Лукаку откри дека всушност Интер не сакал да го задржи во Милано поради неговата огромна плата.
„По мојата прва година во Интер, одбив понуда од Манчестер Сити која беше повисока од онаа на Челси ова лето. Го направив тоа затоа што бев во Милано само една година и не беше вистинско време да заминам. Сакав да направам нешто добро за Интер, бидејќи морам да кажам дека донекаде овој клуб ми ја спаси кариерата. Бев во длабока дупка во Манчестер Јунајтед. Работите не одеа добро. Интер вложи голема инвестиција во мене и потоа заедно постигнавме одлични работи. Откако го освоивме „скудетото“ втората година, отидов кај шефовите и побарав нов договор. Сепак, не сакаа да ми го продолжат договорот. Беше тешко тоа да го прифатам, бидејќи сметав дека би можел да поминам уште неколку години во Интер“, изјави Ромелу Лукаку.
Белгиецот во иднина би сакал да заигра за три врвни клубови на Стариот континент.
„Според мене, во фудбалот има три врвни тимови, Реал Мадрид, Барселона и Баерн Минхен. Секој фудбалер сонува да игра за еден од овие тимови. Мислев дека ако имам таква можност, ќе потпишам нов договор со Интер, а потоа ќе заминам во некој од овие тимови. Сепак, тоа не се случи и си реков дека има само уште еден тим кој го гледам – Челси. Тоа што Интер не ми понуди нов договор ме загрижи, дури и ме повреди. Да ми беше понудено, ќе останев 100 %“, открива Лукаку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
