Connect with us

Лукаку ја надмина повредата

Белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку се врати на тренинзите на Интер откако ја надмина повредата на бутниот мускул на левата нога. Тој поради повредата ги пропушти последните шест натпревари на својот тим, а во негово отсуство „нероаѕурите“ загубија половина од тие натпревари во Серија А и во Лигата на шампионите.


Лукаку има 3 настапи во Серија А од почетокот на оваа сезона, постигнувајќи еден гол и една асистенција.

Се очекува 29-годишниот напаѓач да се врати во игра за дербито против Рома на 1 октомври.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови