Напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку, и менаџерот на „сините“, Томас Тухел, се смирија и Белгиецот останува дел од лондонскиот клуб, објави „Скај Спортс“. Проблемите се појавија по интервјуто на Лукаку за италијанските медиуми, во кое тој си дозволи да ја критикува работата на германскиот стратег.
Лукаку истакна дека не е среќен на „Стемфорд бриџ“ и дека сака да си замине од Лондон, критикувајќи ја и тактиката на менаџерот Томас Тухел.
Како одговор, менаџерот го отстрани од тимот за дербито со Ливерпул (2-2), а медиумите на Островот шпекулираа за можен трансфер во Тотенхем.
Сепак, како што откриваат англиските медиуми, двајцата во меѓусебен разговор ја разјасниле ситуацијата и не се очекува идна продажба на играчот. Белгиецот се извинил за неговите зборови и ќе ја чека својата шанса во тимот на Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













