Connect with us

Лукаку е огромно засилување – за голот на Челси? (ФОТО)

Ромелу Лукаку за 115 милиони евра од Интер се пресели во европскиот првак Челси. Тој ќе биде огромно засилување за тимот од „Стемфорд бриџ“ во новата сезона. Од него се очекуваат многу голови, но на првиот тренинг покажа дека може да биде и одличен голман.

Секој нов фудбалер што ќе пристигне во Челси треба да мине едно „искушение“ како добредојде во тимот. Најголем дел од фудбалерите пејат песна по свој избор за да ги забавуваат соиграчите, но Лукаку одлучи да покаже дека е добар голман и застана на голот.

Според оваа фотографија, не би било изненадување ако Томас Тухел одлучи да го стави и на голот на некој натпревар…

Утре Челси гостува на „Емирати“ и ќе го игра лондонското дерби со Арсенал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови