Connect with us

Лукаку доаѓа во Тотенхем како замена за Хари Кејн?

Ромелу Лукаку не е во плановите на Челси, тоа го потврди и Маурисио Покетино, а сега се појави уште една опција за него, да остане во Лондон и да се пресели во Тотенхем. Не е тајна дека Тотенхем бара замена за Хари Кејн, парите не се проблем, иако Даниел Леви е „скржав“, но има 100 милиони евра за засилувања до крајот на преодниот рок.

Челси е подготвен да го пушти Лукаку, а особено откако пропаднаа преговорите со Јувентус околу размената за Душан Влаховиќ. Лукаку досега имаше само конкретни понуди од Саудиска Арабија, па Тотенхем навистина би бил вистинското решение. До истекот на рокот остануваат уште само 11 дена.

Лукаку веќе еднаш преговараше со Тотенхем, кога менаџер беше Антонио Конте, но тогаш не беше постигнат договор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови