Белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку е на излезна врата од „Стемфорд бриџ“ откако јавно објави дека е „жртва“ на тактиката и стилот на играта на менаџерот Томас Тухел. Тој вчера беше изоставен од тимот на дербито против Ливерпул, а во текот на денешниот ден би требало да има состанок со Тухел и со челниците на Челси.
Лукаку бара експресно заминување и инсистира да се врати во Интер, но тоа нема да биде лесна мисија, посебно што и фановите на „нероаѕурите“ му порачаа дека „побегнал во моментите кога на клубот му гореше“.
Целата ситуација би можел да ја искористи Тотенхем. Антонио Конте и Лукаку и одлично соработуваа во Интер последните две сезони, токму тој го донесе во Италија од Манчестер Јунајтед и го направи еден од најдобрите напаѓачи во светот.
Сега Лукаку е несреќен во Челзи шест месеци по рекордниот трансфер од 115 милиони евра и наскоро треба да го објави својот следен потег. Можеби ќе остане во Лондон, а ќе го промени тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal