
Манчестер Јунајтед размислува да го доведе Лука Модриќ, тврди шпанскиот новинар Едуардо Инда. Јунајтед оваа сезона игра очајно, во Премиер – лигата е на десеттото место со 12 бода од осум натпревари, а во Лигата на шампионите загуби од Баерн Минхен и од Галатасарај.
„Модриќ се уште не знае каде ќе ја заврши сезоната. Има клубови кои се распрашуваат за него, а еден од нив е Манчестер Јунајтед. Единствениот проблем е што Јунајтед е последен во својата група во Лигата на шампионите и најверојатно нема да биде во тоа натпреварување по Божиќ“, изјави Инда, уредник на „OKDiary“.
„Модриќ сака да игра и се жали дека нема натпреварувачки ритам. Јунајтед знае дека Модриќ не е среќен во Реал и прашува како да го доведат во јануари“, додаде Инда.
Капитенот на хрватската репрезентација пред оваа сезона го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една година, но е разочаран од статусот кај Карло Анчелоти бидејќи најголемиот дел од натпреварите ги започна на клупата за резерви.
„Модриќ ќе почека два месеци за да види дали ќе му се смени статусот. Дури потоа ќе одлучи што ќе прави со кариерата“, изјави Инда за 38-годишниот играч за врска кој е во мадридскиот клуб од 2012 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Женски фудбал
Фаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
