Играчот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ, би можел да го напушти „кралскиот клуб“ на крајот на сезоната.
Шпанските медиуми сѐ повеќе пишуваат за тоа дека Хрватот ги брои последните месеци во клубот и дека по 12 години би можел да го напушти „Бернабеу“.
Медиумите посочуваат дека Реал ќе одржи проштален меч за Модриќ и дека пред крајот на сезоната ќе се знае дали тој ќе го напушти Реал на лето.
Тој во изминатата година имаше бројни понуди од Саудиска Арабија, но летово реши да потпише нов договор и да остане уште една сезона.
Модриќ сезонава е во втор план, приоритет имаат Крос, Валверде и Камавинга, што е логично бидејќи е на прагот од 39 години.
Модриќ пристигна во Реал летото 2012 година од Тотенхем и стана клупска легенда, со 515 настапи, 38 гола и 83 асистенции. Освои дури пет трофеи во ЛШ, трипати славеше во Ла Лига и дефинитивно заминува како една од најголемите легенди на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













