
Неверојатната кариера на Лука Модриќ ќе го доведе до уште едно извонредно достигнување во неговиот следен натпревар за Реал Мадрид, без разлика дали тоа ќе биде денеска против Селта, на 22. октомври против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите или наредната сабота во “Ел Класико”.
При неговото следно појавување во игра за „кралскиот клуб“, Модриќ ќе стане највозрасниот играч во историјата на 15-кратните шампиони на Европа. Хрватот ќе го надмине по овој параметар една од иконите на клубот, Ференц Пушкаш.
Во мај 1966 година, Пушкаш играше во четвртфиналето на Кралскиот куп (тогаш познат како Купот на генералисимо) на гостувањето против Бетис, кога имаше 39 години и 37 дена. Модриќ ќе има 39 години и 40 дена кога евентуално ќе се појави на теренот против Селта во 10.коло на Ла Лига.
Во април оваа година, Модриќ веќе стана највозрасниот фудбалер на Реал Мадрид во европските натпреварувања, откако влезе на местото на Џуд Белингам во првиот натпревар против Баерн Минхен. Тогаш повторно го подобри рекордот на Пушкаш од 1965 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по потписот на Бруно Фернандеш
