
Луис Суарез повторно во Барселона? Ова е вест во која малкумина можат да поверуваат ако се знае начинот на кој Уругваецот замина од „Камп Ноу“, но многу е веројатно дека Суарез и Атлетико Мадрид би можеле да се разделат шест месеци пред истекот на договорот.
Откако минатата сезона беше најзаслужниот за освојување на титулата, Луис Суарез оваа година веќе не е толку „смртоносен“ во нападот на Атлетико Мадрид, а и не е во добри односи со тренерот Диего Симеоне.
Суарез оваа сезона постигна седум гола, но Уругваецот упати пцовки кон Симеоне на еден од натпреварите затоа што стана пракса тој да го напушта теренот во раната фаза од вториот дел.
Барселона бара нов напаѓач, Јувентус нема да го пушти Алваро Мората, а ниту Единсон Кавани нема да пристигне на „Камп Ноу“. Тренерот Чави Хернандез смета дека тој е добредојден во тимот, а и раководството е комплетно променето од периодот кога Уругваецот замина од каталонскиот гигант.
Не е тајна дека Суарез ја обожава Барса, дека изминатава година често зборуваше за љубовта кон клубот и не е нереално да сака да се врати на патот на старите успеси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
