Connect with us

Луис Енрике: Секогаш е тешко да се вратите во ритам после репрезентативната пауза

Стивнуваат емоциите по натпреварите на националните селекции, а вниманието повторно се насочува кон клупскиот фудбал. Европскиот шампион Пари Сен Жермен ќе биде првиот што ќе се врати во акција, уште во петок вечер ќе го пречека Стразбур во рамките на француското првенство.

Стразбур е едно од најпријатните изненадувања оваа сезона во Лига 1, а разликата меѓу двата тима е само еден бод.

„Натпреварите по репрезентативна пауза секогаш се тешки“, изјави тренерот Луис Енрике.

„Тие имаат одличен состав, резултатите тоа го потврдуваат. Покрај тоа, станува збор за млад тим кој игра со многу енергија. Ќе биде неизвесно и напорно. Сакаме да постигнеме подобри резултати, но почнуваме со еден од најтешките мечеви.“

Тренерот на ПСЖ додаде дека овој ден е првпат по паузата да ги има сите играчи на располагање.

„Знаете колку е компликувано кога се враќаме по меѓународните настапи. Станува збор за еден од најдобрите тимови во лигата, и тоа е голем мотив. Очекувам квалитетен меч. Ги знаеме нивните можности и мора да бидеме подготвени за предизвици, бидејќи ќе биде интензивно.“

Шампионот на Франција сè уште има проблеми со неколку повредени фудбалери, а меѓу нив е и добитникот на „Златната топка“, Осман Дембеле.

„Не знам колку долго Дембеле ќе биде надвор од тимот. Се обидуваме да не ризикуваме со здравјето на играчите. Повредите се дел од фудбалот на највисоко ниво. Кога играчите ќе се вратат на тренинзите, веднаш можам да проценам како се чувствуваат и дали се подготвени. За тоа, мора да ги видиме на терен“, рече Луис Енрике.

Тој додаде дека ситуацијата со Маркињос и Дезире Дуе исто така е неизвесна.


„Денес ја имаме првата и последна тренинг-сесија оваа недела, и ќе разговарам со играчите за тоа како се чувствуваат. Се надевам дека бројот на повреди ќе се намали во наредниот период.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови