
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, ги коментираше сите актуелни теми околу клубот пред почетокот на новата сезона во Лига 1. Утре францускиот шампион му гостува на Лориен. Главните прашања до Шпанецот логично не беа за натпреварот, туку за иднината на Килијан Мбапе, Осман Дембеле, Нејмар и на Марко Верати.
Во врска со Мбапе, Луис Енрике рече:
„Ова е нешто што се случуваше во минатото и беше донесена позитивна одлука. Се надевам дека тоа ќе се повтори и ПСЖ и играчот ќе се договорат, тоа е моја желба. Но, никој не стои над клубот, нашата филозофија е крајно јасна“.
Шпанецот вели дека не размислува за Дембеле, тој сѐ уште не е во неговиот тим.
„Тој се уште не е играч на ПСЖ, утре нема да биде тука. Малку нешто недостасува. Трансферот не е 100%, но 99% тој е играч на ПСЖ“, истакна Луис Енрике.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
