Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, ги отфрли стравувањата за повредата на најголемата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе, откако напаѓачот не учествуваше на тренингот пред саботниот натпревар од Лига 1 против Лил.
Францускиот репрезентативец, кој продолжува да се поврзува со трансфер во Реал Мадрид во текот на летото, имаше проблем за време на победата над Брест во Купот на Франција во средата вечерта со 2-1. Во 68. минута од овој натпревар, стрелецот падна на земја по грубиот прекршок на дефанзивецот на Брест, Лилијан Брасие.
„Килијан ќе биде на располагање утре и ќе може да игра. Денеска не тренираше затоа што не сакавме да ризикуваме, но ќе биде достапен за игра. Се наоѓаме во момент од сезоната каде што се игра на секои три дена. Мораме да ги планираме опциите за да имаме конкуренција во тимот. Не смееме да потценуваме ниту еден натпревар“, изјави Луис Енрике.
Парижаните го продолжуваат настапот во Лигата на шампионите следната недела со првиот осминафинален натпревар против Реал Сосиедад.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski