Connect with us

Луис Енрике не смета на нив: Од ПСЖ заминуваат и Нејмар, Верати, Бернат, Екитике

Францускиот шампион ПСЖ летово реши да направи големо реновирање на тимот. Одличниот Килијан Мбапе е отпишан затоа што не сака да потпише нов договор, а истата судбина денеска ги снајде уште петмина фудбалери, меѓу кои Нејмар, Марко Верати, Хуго Екитике, Хуан Бернат и Ренато Санчес.


ПСЖ летово направи неверојатни промени во тимот. Поради непотпишување на нов договор, Килијан Мбапе беше исфрлен од тимот и повеќе не се смета на него, а денеска раководството на францускиот шампион соопшти дека нема повеќе место за пет големи ѕвезди во клубот.


Најпознатото име секако е Бразилецот Нејмар. Тренерот Луис Енрике и спортскиот директор Луис Кампос му најавија на најскапиот фудбалер на светот дека повеќе не им е потребен и клубот ќе се обиде да го најде најдоброто решение за него во наредниот период.


Нејмар и Мбапе нема да тренираат со првиот тим, а во иста ситуација е и италијанскиот играч за врска Марко Верати, кој ја доби истата вест како и Нејмар. Ова дуо денеска тренираше одвоено од тимот.


Верати кариерата треба да ја продолжи во Саудиска Арабија од каде доби конкретни понуди.
Покрај Нејмар и Верати, тренерот Луис Енрике не смета и на услугите на напаѓачот Хуго Екитике, играчот од средниот ред Ренато Санчес и на левиот бек Хуан Бернат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови