Пари Сен Жермен го запиша својот прв пораз оваа сезона во француската Лига 1, откако на „Паркот на принцовите“ беше поразен од Ница со 1-3. Тимот на Луис Енрике остана без шанса за историски сезонски поход без пораз, токму пред клучното гостување во Лондон против Арсенал во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Тренерот Луис Енрике по натпреварот изјави дека сепак тоа не е најважно.
„Ова не е пораз што боли. Честитки за Ница, одиграа одличен меч и се бранеа извонредно. Имаа 30 ситуации, а ние би сакале да имаме толку шанси против Арсенал. Ќе дадеме сè од себе за нашите навивачи. И покрај добрата игра на Ница, ние требаше да победиме.“
Во стартниот состав на ПСЖ се најдоа Витиња, Нуно Мендеш и Жоао Невеш, додека Гонсало Рамош влезе во второто полувреме.
„Не ги искористивме нашите шанси. Ефикасноста беше клучна. Разочарани сме, бидејќи сакавме да ја завршиме сезоната без пораз. Сега треба целосно да се фокусираме на Арсенал. Знаеме што нè чека и ќе направиме сè за да одиграме врвен натпревар во Лондон“, изјави Витиња.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус шокиран на Сардинија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Евро-фудбал
Шоу на Дембеле, ПСЖ убедлив против Лил (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Прва лига
Сухел Мухареми го засили Работнички













