Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, негираше дека се скарал со ѕвездата Килијан Мбапе. Напаѓачот синоќа на натпреварот против Нант беше оставен на клупата, а по неговото појавување на теренот реализираше пенал за конечен триумф од 0-2.
Многумина одлуката на Луис Енрике ја поврзаа со веста дека Мбапе ќе го напушти ПСЖ на крајот на сезоната, но стратегот рече дека причината е друга.
„Мбапе? Одлично се согласуваме со него. Воопшто нема никаков проблем“, прокоментира Луис Енрике.
„Сакавме да направиме некои ротации во составот. Добро е навивачите да ги видат сите играчи кои се вклучени и придонесуваат. Добро се браневме и одзедовме многу топки“, изјави шпанскиот стручњак.
Мбапе сега има 31 гол во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













