Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, го коментираШе настапот на грузиската ѕвезда Квича Кварацкелија на неговото деби за тимот.
„Овој натпревар беше тежок за деби. Кварацкелија се претстави добро, внесе многу креативност во играта по крилните позиции. Но, генерално, сите наши напаѓачи можат да играат на различни позиции“, изјави Енрике.
Кварацкелија асистираше при голот на Осман Дембеле во првенствениот натпревар против Реимс, но тоа не беше доволно, бидејќи шампионите одиграа нерешено 1-1.
„Квича почнува да се разбира со своите соиграчи и се запознава со стадионот. Ова е почеток на врска за која се надеваме дека ќе биде многу успешна“, додаде Енрике.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













