Connect with us

Луис Енрике ќе го впише и Серхио Рамос во поширокиот список на Шпанија за СП

Селекторот на шпанската репрезентација, Луис Енрике утре ќе го објави поширокиот список на репрезентативци за претстојниот Мундијал во Катар, а медиумите откриваат дека на него ќе се најде и поранешниот капитен Серхио Рамос.


Луис Енрике ќе објави 55 фудбалери, од кои подоцна ќе прозилезе и конечниот список од 26 играчи.

Искусниот Рамос има одиграно 180 натпревари за репрезентацијата на Шпанија, а оваа сезона почна да игра во контиунитет за Пари Сен Жермен, откако долго се мачеше со повреди.

Рамос беше дел од репрезентацијата во 2010 година, кога Шпанците ја освоија светската титула во Јужна Африка, а со него во составот „црвената фурија“ двапати ја покори Европа во 2008 и 2012 година.

Светското првенство во Катар ќе започне на 20.ноември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови