Connect with us

Луис Енрике: Горд сум на игрите на Шпанија и во финалето ќе навивам за Италија

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, истакна дека е горд што неговата селекција стигна до полуфиналето на Европското првенство, а имаше жестока битка со Италија за влез во големото финале што ја загуби на пенали.

„Ова беше една голема битка. Двете репрезентации беа на високо ниво, а натпреварот беше спектакл за сите фудбалски вљубеници. Сакам да и честитам на Италија, ќе навивам за нив во финалето. Ако ја прикажат истата игра, верувам дека можат да го освојат трофејот“, изјави Луис Енрике.


Италија го очекува ривалот во финалето. Вечерва на „Вембли“ во второто полуфинале ќе се сретнат Англија и Данска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови