Connect with us

Луис Енрике го призна поразот: Арсенал беше многу посилен тим од нас

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, зборуваше по поразот на тимот со 0-2 од Арсенал во второто коло од Лигата на шампионите. Шпанскиот стручњак беше многу критичен кон своите играчи и го оцени противникот како многу посилен тим.

„Невозможно е да го постигнеме посакуваниот резултат кога ги губиме дуелите. Одбраната на Арсенал успешно ги блокираше нашите напади, додека нашите напаѓачи не успеаја ниту еднаш да ја пробијат нивната одбрана. Арсенал нѐ надмина во секој аспект. Треба да нѐ проценат на крајот од сезоната. Ова е наш прв натпревар на високо ниво, а ќе има и други вакви натпревари. Одигравме натпревар со висок интензитет, но тешко е да се разговара за тактиката кога противникот е толку посилен. Не треба да ги повторуваме грешките што ги направивме на овој меч“, изјави Енрике.

Тренерот на францускиот шампион ја презеде одговорноста, истакнувајќи дека неговите фудбалери не биле на своето вообичаено ниво.

„Не сакам да истакнувам никого конкретно, одговорноста за поразот е целосно моја, но и сите играа под своите можности. Противникот беше посилен. ПСЖ се сретна со еден од најдобрите тимови во моментов“, додаде Енрике.

Ова беше прв пораз за ПСЖ во новиот формат на турнирот. Во следното коло ќе се соочат со холандскиот шампион ПСВ Ајндховен, а натпреварот е закажан за 22 октомври.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови