
Крилниот напаѓач на Ливерпул, Луис Дијаз, јавно апелираше до Ejercito de Liberación Nacional (ELN) што поскоро да го ослободи неговиот татко, кој беше киднапиран од колумбиската герилска група на 28 октомври.
Фудбалерот своето емотивно обраќање го имаше неколку минути по мечот на „црвените“ со Лутон (1-1), на кој колумбискиот интернационалец го постигна израмнувачкиот гол за својот тим, кој му го посвети на својот татко.
„Денес не ви се обраќа фудбалерот, туку ви зборува Лучо Дијаз, синот на Луис Мануел Дијаз. Мојот татко е неуморен работник и столб на нашето семејство, а сега е киднапиран. Барам од ЕЛН итно ослободување на татко ми и барам од меѓународните власти да помогнат во неговата слобода. Со секоја секунда, со секоја минута, нашата вознемиреност расте. Мајка ми, моите браќа и јас сме очајни и загрижени, не можеме со зборови да го искажеме она што го чувствуваме. Ова страдање ќе заврши само ако се врати дома.
Ве молам веднаш да го ослободите, почитувајќи го неговиот интегритет и што поскоро да ставите крај на ова болно чекање. Во име на љубовта и сочувството, ве молиме да ги преиспитате вашите постапки и да ни дозволите да го вратиме назад. Благодарен сум на колумбискиот народ и на меѓународната заедница за добиената поддршка. Ви благодарам за толку многу покажувања на наклонетост и солидарност во ова многу тешко време низ кое минуваат многу семејства во мојата земја“, се вели во изјавата на Дијаз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда

Интернационалци
Серафимов потпиша за Левски
