Репрезентативците на Уругвај ја прекинаа серијата на Аргентина од 14 натпревари без пораз, откако ја совладаа во Буенос Аирес со 0-2 (0-1).
Од Мундијалот и мечот со Саудиска Арабија, актуелните светски прваци не знаат за пораз, но потоа се појави нивниот човек кој беше кобен за сонародниците. Марсело Биелса ги предводеше Урусите до победата.
Уругвајците поведоа во 41. минута преку Роналд Араухо, а потоа во судиското надополнување, кога домашните бркаа бод, Дарвин Нуњез истрча контра и го чекираше Дибу Мартинез за 0-2.
Емотивна вечер беше видена во Баранкиља пред околу 46.000 навивачи каде Колумбија го победи Бразил со 2-1 за првпат по осум години.
Стрелец не можеше да биде никој друг туку крилниот напаѓач на Ливерпул, Луис Дијаз, чии два гола ја расплакаа цела Колумбија со оглед на хоророт низ кој помина неговото семејство во претходните недели кога беа киднапирани неговата мајка и татко.
Таткото, кој речиси две недели беше во рацете на киднаперите, беше на трибините на стадионот „Роберто Мерендез“ и во солзи ги гледаше головите на својот син.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)













