Луис де ла Фуенте, стратегот кој ја водеше Шпанија до титулата шампион на Европското првенство, е избран за најдобар селектор во 2024 година според изборот на Меѓународниот институт за историја и статистика на фудбал (ИФФХС). Со 274 освоени поени, 63-годишниот тренер го зазеде првото место, пред Лионел Скалони, селектор на Аргентина (148 поени), и Дидие Дешамп, селектор на Франција (35 поени).
Под негово водство, Шпанија забележа седум победи во седум натпревари, освојувајќи ја титулата на Европското првенство во Германија. Во 2024 година, репрезентацијата на Шпанија одигра 17 натпревари, од кои 14 победи, две ремија и само еден пораз.
Меѓу десетте најдобри селектори според ИФФХС, се наоѓаат и поранешниот тренер на Англија, Герет Саутгејт, Емерс Фае од Брегот на Слонова Коска, Јулијан Нагелсман од Германија, Нестор Лоренцо од Колумбија, Винченцо Монтела од Турција, Вили Сањол од Грузија и Марсело Биелса од Уругвај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













