Кога играат Интер и Јувентус најчесто е 0-0, или пак една од екипите ќе постигне гол за победа. Но, овојпат на „Џузепе Меаца“ имаше луда пресметка која заврши 4-4.
Во првото полувреме беа постигнати историски пет гола, тоа никогаш претходно се нема случено на вакво дерби во Серија А.
Зиелински од пенал го доведе Интер во водство, но потоа следеа два гола на Јувентус, што ги постигнаа Душан Влаховиќ во 20.минута и Тимоти Веа седум минути подоцна.
Тоа не беше сѐ, затоа што дојде времето на Интер. Мхитарјан во 35.минута израмни на 2-2, а две минути подоцна Зиелински од пенал повторно обезбеди предност за домаќинот.
Думфрис во 53.минута зголеми на 4-2 и речиси сите помислија дека Интер ќе оствари триумф. Но, Тијаго Мота во игра го уфрли Кенан Јилдиз, кој со два гола успеа да донесе реми за Јувентус и конечни 4-4.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski