Connect with us

ЛШ: Што може да очекуваме од вечерашните натпревари?

Вечерва ќе се одиграат шест натпревари од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Во еден од нив, португалскиот клуб Бенфика ќе го дочека најтрофејниот германски тим, Баерн Минхен на “Стадион Луж”. Ова ќе биде дуел на првите екипи кои ги заземаат првите две позиции во групата Е, каде води Баерн со шест поени, со само два поени повеќе од Бенфика. Овој дуел ќе го пропуштат Дијас, Фернандеш, Пињо, Сеферовиќ и Жилберто (Бенфика), додека пак Најгелсман ќе биде без Дејвис, Горецка и Улрих.

Од групата Ф, ќе се одиграат двата дуели помеѓу Челси и Малме, и Зенит против Јувентус. Акутлениот Европски првак, моментално се наоѓа на втората позиција во групата со три бода, благодарение на подобриот меѓусебен дуел со Зенит, кој исто така, има три бода. “Старата дама” која е лидер со шест бода, ќе се надева на уште еден триумф, овој пат против последнопласираниот Малме.

Составот на Тухел ќе биде без Пулишиќ и Зијеч, а на другата страна, недостапни се Ахмедхоџиќ, Бејимо, Кнудсен, Левицки и Тоивонен. Во меѓувреме, на “Газпром Арена”, нема да може да настапи Оздоев за домаќините, и Дибала и Рабио за гостите од Торино.

Комплицираната ситуацијата во групата Ф би требало се почне да се отплеткува, каде Манчестер Јунајтед ја дочекува италијанска Аталанта на стадионот “Олд Трафорд”, а пак тековниот шампион во Лига Европа, Вилјареал ќе се обиде да се приклучи во битка за првите две места против Јанг Бојс. Третопласираниот во групата Ф, Јунајтед нема да може да смета на Диало, Марсијал и Варан за овој дуел, додека пак Аталанта ги “отпиша” Џимшити, Госенс, Хатебур, Песина и Толои.

Севилја и Лил ќе се соочат меѓу себе во преостанатата група Г, во обид да се оттргнат од дното на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови