Connect with us

ЛШ: Роналдо спасител на Јунајтед, Челси и Баерн убедливи, Јувентус славеше минимално (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо беше спасителот на Манчестер Јунајтед во триумфот од 3-2 по неверојатниот пресврт во вториот дел од натпреварот. Моќната Аталанта беше само на чекор да го “покоси” Јунајтед на “Олд Трафорд”, но, не успеа да го зачува водството од првото полувреме.

На многу лесен начин, тимот на Гасперини дојде до водство од 2-0. Во 15. минута, “ла деа” поведе преку Пашалиќ, а по 14 минути, Демирал прецизно стрелаше со глава по удар од аголот. Сепак, тоа што се случи по паузата беше неверојатен крах на италијанскиот состав. Веднаш на почетокот на второто полувреме, Рашфорд намали на 2-1. Потоа капитенот на “црвените ѓаволи”, Мегваер стрелаше за изедначување, а како вистински херој, Роналдо постигна гол со глава за целосен пресврт од 3-2.

Челси, во меѓувреме, беше убедлив во дуелот против шведски Малме. Тимот на Тухел успешно ги конвертираше двата удари од белата точка кои им беа доделени во 21. и 57. минута, преку Жоргињо. Во листата на стрелци се запишаа и дефанзивецот Кристенсен и Каи Хаверц, кој го постигна својот прв погодок во дресот на “сините” по цели два месеца.

Германскиот шампион Берн Минхен исто така, славеше убедлива победа против Бенфика, иако поголемиот дел од натпреварот, не делуваше дека баварците ќе успејат да издвојат гостински триумф. Германците постигнаа два погодоци преку Левандовски и Милер, но и во двата наврати, ВАР – технологијата ги поништи головите. Дури по 70 минути игра, бедемот на Португалците попушти, па следеа четири погодоци на Баерн. Сане постигна два погодоци, во 70. и 85. минута, Левандовски додаде уште еден, а пак, еден удар на Евертон успеа да влезе во мрежата на неговиот голман Влаходимос.

33-кратниот првак на Серија А, Јувентус си замина од “Газпром Арена” со сите три бода, благодарение на доцниот погодок на Кулушевски во 86. минута, по одличната асистенција на Де Шилјо. Додека пак, Вилјареал славеше победа од 4-1 над Јанг Бојс на стадионот “Ванкдорф” во Берн. Погодоците за “жолтата подморница” ги постигнаа Пино, Морено (2) и Чуквуезе, а пак Елиа стрелаше за Јанг Бојс. Севилја и Лил, пак одиграа само реми (0-0).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови